Вардар шампион, а 50 „Комити“ на стадион (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар ја освои 11.шампионска титула во својата клупска историја, и сигурно ова е денот кога историски најмал број на навивачи дојдоа да ги поздрават фудбалерите на меч во кој и официјално се освојува пехарот. Едвај околу двесте гледачи, а од нив околу педесетина „Комити“ го следеа мечот меѓу Вардар и Македонија ЃП, кој „црвено-црните“ го добија со убедливи 6-0.

Можеби влијаеше и финалниот меч од ЛШ кој го играа ракометарките на Вардар во Будимпешта против Ѓер, но факт е дека фудбалскиот тим на Вардар одамна ја загуби својата публика. А, ако ги нема навивачите, симпатизерите и вљубениците во фудбалот, тогаш за кого ли се освојуваат трофеите?!

[new_royalslider id=”632″]

Се вчитува...