Вардар стартува со подготовки в среда, на 14 јуни

Македонскиот шампион Вардар ќе ги започне летните подготовки в среда, на 14 јуни, објави клубот на својот официјален сајт. Шефот на стручниот штаб, Гоце Седлоски, во тренинг базата ќе го одржи првиот тренинг со екипата. Два дена претходно ќе бидат направени неопходните лекарски прегледи на фудбалерите.

Вардарци остануваат во Скопје до 18. јуни, кога заминува на подготовки во Австрија, во Бад Тацмансдорф, каде ќе одигра неколку пријателски натпревари. Трета година по ред хотелот „Авита“ ќе биде базата на тимот за време на летните подготовки.

Планот е тимот да се врати во Скопје на 2. јули, и ќе се подготвува за првиот дуел од квалификациите за Лигата на шампионите. Противникот ќе биде познат по ждребот на 19 јуни во Нион.

Се вчитува...