Вардар, засега, не е опција, Ристовски бира помеѓу Турција и ОАЕ

Македонскиот бек Стефан Ристовски би можел кариерата да ја продолжи во Турција или во Обединетите Арапски Емирати, пишуваат хрватските медиуми. Откако и дефинитивно го напушти Динамо пред неколку дена, Ристовски сега е во потрага по нова средина.

Се очекува да ја продолжи кариерата во еден од овие два клуба, кои му нудат повеќе од она што го заработуваше во Динамо Загреб. Засега враќање во Вардар не е опзција, со оглед на неговцата висока плата (околу 60.000 евра месечно).

Пред 4,5 години поминати во Динамо, Ристовски играше четири години во Спортинг, две години во Ријека, а беше дел од Парма, од каде беше испраќан на позајмици во Кротоне, Фросиноне, Бари и Латина. Тој ја почна сениорската кариера во Вардар, во кој настапуваше од 2008 до 2010 година.

Се вчитува...