Вардарецот Али Адем пред трансфер во Кашимпаша за 200.000 евра

Талентираниот фудбалер за врска на Вардар, Али Адем, е пред трансфер во Кашимпаша, информираат медиумите во Турција. Тој во зимскиот преоден рок треба да се пресели во турскиот прволигаш за сума од 200.000 евра. Најавен е како „новиот Елиф Елмас“ од Македонија, кој треба да го засили средниот ред на тимот кој моментно се наоѓа на 13.позиција во турскиот шампионат.

За Али Адем пред една година се интересираше и Фенербахче, но раководството на Кашимпаша очигледно многу поконкретно пристапи кон реализација на трансферот.

Спортскиот директор на Кашимпаша, Серкан Речбер, двапати во живо ги следел настапите на Али Адем во дресот на Вардар, на натпреварите против Борец и против Работнички, и донел дефинитивна одлука за ангажман на младиот фудбалер на „црвено-црните“.

Во последниот период, Турција стана „мека“ за трансфери на најталентираните македонски фудбалери. Покрај Елиф Елмас кој од Работнички се пресели во Фенербахче, и Јани Атанасов од Академија Пандев замина во Бурсаспор.

 

Се вчитува...