Вардарки на мегдан со Турингер

Ракометарките на Вардар денеска (14 ч.) во Германија му гостуваат на Турнигер, во вториот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите. Вардарки имаа победнички старт во овата сезона со дуелот против ФТЦ пред свијата публика, а се надеваат дека со позитивен резултат ќе се вратат и од Германија.

Македонскиот и германскиот тим досега имаат одиграно шест меѓусбени натпревари во Лигата на шампионите од кои четири им припаднале на „црвено-црните“, еден дуел завршил нерешено, а на еден дуел победа славел Турингер. Последниот меѓусебен дуел Вардар и Турингер го одиграа во март годинава кога вардарки славеа со 31-29.

Според информаиците објавени на официјалниот клупски сајт, Ирина Дибирова и нејзиниот помошник Роберто Парондо на располагање имаат 17 ракометарки. Од составот што отпатува во Германија изоставена е само третата голманка, Јована Мицевска.

И македонскиот и германскиот тим,  новата сезона во ЛШ ја „отворија“ со победи. Вардарки го победија ФТЦ (34-31) на домашен терен, а Турингер триумфираше на гостувањето во Норвешка против Ларвик.

 

Се вчитува...