Вардарки со две лица во победата над ФТЦ на стартот од ЛШ… (ФОТО)

Ракометарките на Вардар победнички ја отворија новата, за „црвено-црните“ петта по ред сезона во Лигата на шампионите. Во првиот натпревар од групната фаза во ЛШ, вардарки го победија унгарскиот ФТЦ со 34-31, стартуваа супериорно, стигнаа и до двоцифрена преднсот и несфатливо се опуштија во финишот. Со истиот противник на ист терен во СЦ „Јане Сандански“ македонскиот шампион ја почна и ланската сезона. Но, за разлика од лани кога натпреварот заврши без победник, овој пат актуелните европски вицешампионки беа убедливо надмоќни,  победникот во овој дуел практично беше решен уште во средината на првиот дел.

Vardar - Ferencvaros 2

Вардарки ништо не прпуштија на случајот. Сигурната одбрана на „црвено-црните“ која доби дополнителна цврстина и квалитет со новото засилување, Драгана Цвијиќ. Тоа делуваше демотивирачки на противничките ракометари кои во првата четвртина успеаваа да држат чекор, се играше гол за гол и Унгарките на неколку пати стигнуваа до изедначување. Но, потоа следуваше една фантастична серија на ракометарките на Вардар. Цвијиќ со максимални пет од пет,  освен клучната улога во добраната, донесе голема борбеност и прецизност и во нападот на „црвено -црните“. Од последното изедначување на 10-10, вардарки за неколку минути направија серија од 8-0 и се одлепија со недостижна предност за индиспонираниот противник. ФТЦ немаше решение за ритамот што го наметна Вардар. Тоа резултираше со дури 20 погодоци на вардарки по првите 30 минути и девет гола предност на полувремето (20-11).

Vardar - Ferencvaros 3

Вардарки ја задржаа доминацијата во играта и во второто полувреме. По првите десет минути, ФТЦ успеа да ја намали негативата на 23-17. Сепак, Вардар беше премногу силен противник за да направат нешто повеќе од тоа.Андреа Лекиќ со максимална сигурност и прецизност диригираше со нападот на „црвено-црните“, а Цвијиќ со шестиот погодок на стартот од последната четвртина, одново го врати Вардар на +9 (30-21), а веќе во следниот напад, Цвијиќ повторно беше прецизна за двоцифрена предност на македонскиот шампион (31-21).

Со оваа предност, вардарки можеа да си дозволат и мало опуптање, па и неколку минути да останат без гол. ФТЦ успеа да ја искористи несериозноста на во финишот и ја пореполови разликата на 34-29 на две минути пред крај, а потоа со вкупна серија од 8-1, да дојдат до конечните 34-31.

Фантастчно деби во ЛШ во дресот на Вардар  имаше Драгана Цвијиќ со седум од седум. Со седум погодоци заврши и Андреа Лекиќ , а по шест гола постигнаа Андреа Пенезиќ и Александра Лакрабер. Кај ФТЦ најефикасна беа Даник Шнелдер и Нереа Пена со по шест гола.

Во следното коло од Ц групата во Лигата на шампионите, Вардар на 15 октомври ќе му гостува на Турингер.

Се вчитува...