Вардарци победија и порачаа „Издржи Суха“ (ВИДЕО+ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерите на Вардар ја продолжија победничката серија во Првата фудбалска лига совладувајќи го досега непоразениот тим на Академија Пандев со 1-0. Стрелец на победничкиот погодок беше Даниел Аврамовски од пенал во 40.минута од средбата.

Вардарци го прославиј триумфот со верните „Комити“ и порачаа „Издржи Суха“. Тој е еден од верните симпатизери на Вардар кој се бори со сериозната болест, а вардарци му даваат поддршка да издржи во тешката битка.

 

Се вчитува...