Варди останува кошмар за Арсенал

Џејми Варди е кошмар за Арсенал дури и кога влегува од клупата за резерви, откако искусниот голгетер го реши и вечерашниот дуел на „Емирати“ на кој Лестер славеше со 0-1.

Варди, кој ги пропушти последните средби на „лисиците“ поради повреда, влезе во игра во 60. минута и успеа да го постигне голот за победа по одличното додавање на уште еден „резервист“, турскиот репрезентативец Ченгиз Ундер. Со тоа Арсенал остана омилен пациент на искусниот голгетер, кому ова му беше 11. премиерлигашки гол на вкупно 12 натпревари што ги има одиграно против „топчиите“.

Воедно, Варди е втор најдобар стрелец во историјата на премиерлигашките дуели против Арсенал, веднаш зад Вејн Руни кој 12 пати ја има тресено мрежата на „топчиите“.

Се вчитува...