Вашингтон и Јакимовски обезбедија завршница на НИТ

Андреј Јакимовски и неговиот Вашингтон Стејт ќе играат на завршниот турнир од НИТ откако изминатата вечер славеа со 77-58 над Бингам Јанг Универзитетот. За „Кугарс“ ова ќе биде втор настап во завршницата од овој турнир, прв по 2011 година кога член на екипата беше сегашната НБА ѕвезда Клеј Томпсон.

Македонскиот интернационалец не успеа да се запише во листата на стрелци, но за десет минути поминати на паркетот реализираше четири скока.

Завршниот турнир ќе се одигра во популарниот „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк, а за противник во полуфиналето Вашингтон ќе го има Тексас А&М.

Се вчитува...