Васоски доби суспензија од два меча за исклучувањето во Струга

Шефот на стручниот штаб на Вардар, Александар Васоски доби суспензија од два натпревари по исклучувањето на натпреварот од 14. коло во ПМФЛ на гостувањето против Струга Трим Лум.

Дисциплинската комисија на ФФМ одлучи да го казни Васоски со два натпревари без можност за водење на тимот откако беше исклучен по протестите кон главниот судија Васко Мавров на полувремето од натпреварот.

Вардар во Струга го доживеа вториот пораз сезонава, но ја задржа челната позиција на табелата во Првата македонска фудбалска лига.

Се вчитува...