Васоски: Вардар има победничка хемија

Вардар „гази“ во домашниот шампионат. Во дербито на колото го совлада тимот на Академија Пандев со 1-0, со голот од пенал на Даниел Аврамовски. Тоа е шеста последовна победа за „црвено-црните“, а тренерот Александар Васоски ја потенцира победничката хемија во тимот, но и со навивачите.

„Ова е тежок триумф, но фудбалерите го заслужија со максималната пожртвуваност. Академија Пандев не ни даде многу простор за да играме, но успеавме да стигнеме до победата. Ја посветуваме на „Комитите“ кои се секогаш со нас. Овој Вардар има победничка хемија, и внатре меѓу нас во соблекувалната, и секако со нашите верни навивачи. Сега имаме четири бода предност пред Академија Пандев и девет пред Шкендија, и ќе одиме и во Тетово да се надигруваме и ако можеме, да победиме и таму“, изјави Александар Васоски по победата над Академија Пандев.

Вардарци се наоѓаат на лидерската позиција со 19 бода по осум одиграни кола во Првата фудбалска лига.

Се вчитува...