Вчера Германија, а денеска уште една селекција може да го потврди учеството на СП

Германија со победата над Македонија вчера со 0:4, го потврди пласманот на Мундијалот во Катар идната година. Со тоа последните два меча за „панцирите“ ќе бидат само формалност, и Флик ќе може да ги искористи за пробување на некои варијанти.

Денеска уште една селекција може да го обезбеди учеството на СП 2022 година. Станува збор за селекцијата на Данска која што е речиси со едната нога кон Катар, а за да биде сигурно таму ќе треба денеска да победи со Австрија на домашен терен.

На Данците им одговара и нерешено, во случај да Шкотска не го добие дуелот со Фарски Острови, што е малку веројатно.

Инаку Данска е најдобра селекција во досегашниот тек од квалификациите. Тие покрај тоа што имаат седум победи од седум натпревари, немаат примено гол.

Денеска голем чекор кон Катар може да направи и Англија доколку ја совлада Унгарија, а Албанија и Полска одиграат нерешено. Тогаш Англија ќе има шест бода предност пред Албанците, и потоа дуел со нив на домашен терен, но меч на гости со Сан Марино.

Се вчитува...