Вејн Руни го нападна Ван Дајк: Тој е капитен, а зборува како Ливерпул е победен

Поранешниот играч на Евертон и Манчестер Јунајтед Вејн Руни ги критикуваше изјавите на капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дијк по поразот во градското дерби. Евертон победи со 2-0 на „Гудисон“ и на тој начин им зададе голем удар на надежите на фудбалерите на Ливерпул дека ќе стигнат до јубилејната, 20. титула.

На четири кола до крајот, избраниците на Јирген Клоп заостануваат три бода зад лидерот Арсенал. По мечот, Вирџил ван Дијк се обиде да го оправда поразот од „карамелите“, велејќи меѓу другото дека сега е време повторно да се „концентрираат на пресметката со Вест Хем“.

„Тој е капитен и зборува за тоа како Ливерпул е победен во таа борба, откако го загубија дербито, тој и сите од Ливерпул треба да бидат на теренот веќе утре, бидејќи кога губиш натпревар, особено дерби, сакаш што побрзо да дојде наредниот натпревар. Тоа е дел од вашата работа, тие треба да бидат подготвени за тоа“, објасни Руни.

Се вчитува...