Поранешниот селектор на Италија, Антонио Конте би можел многу брзо да се врати на тренерската работа и да го преземе кормилото на еден од најголемите клубови на светот, пишува „Кориере дела Сера“.
Лошите резултати на стартот од сезоната ги натера челниците на Манчестер Јунајтед, да почне да ги разгледува опциите за тренерската позиција, во случај актуелниот менаџер Мајкл Карик биде отпуштен, и највисоко на листата на желби се наоѓа токму Конте.
„Кориере дела Сера“ пишува дека огромното искуство и победничко резиме го прават Антонио Конте исклучително привлечна опција за наследник на Керик.
Но, ситуацијата не е толку едноставна бидејќи Керик, откако обезбеди пласман во Лигата на шампионите, пред неколку месеци потпиша нов договор кој има важност до јуни 2028 година, па евентуален отказ ќе значи дека „Црвените ѓаволи“ ќе мора да му платат отштета.
Од друга страна, Конте нема да се врати на тренерската работа по секоја цена. Според информациите, Италијанецот би ја прекинал паузата само доколку добие понуда од голем клуб со проект кој целосно се совпаѓа со неговите амбиции.
Конте е без ангажман откако пред половина година го раскина договорот со Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
