Веќе се е готово: Втор гол на Шамрок, публиката си заминува од трибините

Се е готово на Националната Арена „Тодор Проески“ откако во 84. минута Шамрок постигна и втор гол, и го реши патникот во следната фаза, а со тоа обезбеди и европска есен.

Во мрежата на Наумовски погоди Емаку, кој ја искористи новата грешка во одбраната на чаирчани, и потоа и грешката на Наумовски, за да ја затресе празната мрежа.

Првиот гол за Шелбурн го постигна Гафни во 65. минута.

Публиката разочарана си замина од трибините, па така оние 8.000 гледачи кои беа на јужната трибина, се намалија на околу 500.

Се вчитува...