Девет од 12 групи на Светското првенство 2026 се комплетирани, а по резултатите во Г, Х и И групитее, добивме пет нови двојки за 1/16-финалето.
Пред нас е уште една ноќ и натпреварите од 3. коло во групите J, K и Л, кои ќе ни го донесат комплетниот костур за нокаут-фазата.
Но, дотогаш, ги дознавме новите пет двојки од првото коло од нокаут фазата, почнувајќи со бранителот на титулата Аргентина, која ќе игра против Зеленортските острови.
Дебитантите на Светското првенство ја поминаа групата без пораз, завршувајќи втори со три нерешени резултати, вклучувајќи го и нерешениот резултат 0-0 против Саудиска Арабија во последното коло.
Победникот од тој дуел во осминафиналето ќе се сретне со подобриот тим од натпреварот Австралија – Египет, бидејќи двете репрезентации ја завршија групната фаза на втората позиција во своите соодветни групи.
Франција, која го освои првото место во Група И, ќе игра против Шведска за да се пласира меѓу најдобрите 16, додека Германија ќе се сретне со Парагвај. Победниците од овие два натпревари ќе се сретнат во осминафиналето.
Како второпласирана од Група И, Норвешка ќе игра против Брегот на Слоновата Коска во нокаут фазата, а победникот од тој дуел ќе се соочи со победникот од натпреварот Бразил-Јапонија за четвртфиналето.
Confirmed Round of 32 fixtures:
Argentina 🇦🇷 vs Cape Verde 🇨🇻
Australia 🇦🇺 vs Egypt 🇪🇬
USA 🇺🇸 vs Bosnia 🇧🇦
France 🇫🇷 vs Sweden 🇸🇪
Norway 🇳🇴 vs Côte d’Ivoire 🇨🇮
Netherlands 🇳🇱 vs Morocco 🇲🇦
Germany 🇩🇪 vs Paraguay 🇵🇾
Brazil 🇧🇷 vs Japan 🇯🇵
South Africa 🇿🇦 vs Canada 🇨🇦The… pic.twitter.com/FYNlaXLxcg
— Eric Njiru ⚽️ (@EricNjiiru) June 27, 2026
ДОСЕГА ПОЗНАТИ ДВОЈКИ ЗА 1/16-ФИНАЛЕТО
Јужна Африка – Канада
Холандија – Мароко
Бразил – Јапонија
Босна и Херцеговина – САД
Аргентина – Зеленортски Острови
Австралија – Египет
Франција – Шведска
Германија – Парагвај
Норвешка – Брегот на Слоновата Коска
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
