Велбек потпиша за Челси: Сакам да донесам радост на „Стемфорд бриџ“

Дени Велбек е најновото засилување на Челси откако лондонскиот клуб синоќа објави дека е потпишан договор на две сезони со 35-годишниот голгетер кој своевремено настапуваше за Манчестер јунајтед и за Арсенал.

Велбек минатата сезона постигна 13 погодоци за Брајтон и покажа дека се уште може да игра на највисоко ниво, што беше една од причините поради кои новиот тренер Чаби Алонсо инсистираше на негово доаѓање на „Стемфорд бриџ“. Клубовите се договорија, Челси плати пет милиони фунти за ветеранот, кој по лекарските прегледи вчера и официјално го стави својот потпис на договорот со овој тим.

„Кога ќе слушнеш дека Челси те бара, тоа е нешто што прави да се чувствуваш исклучително горд. Познавам дел од момците од претходно, зборував со нив, имав и фантастичен разговор со тренерот, веднаш почувствував поврзаност со него, точно знам што очекува од мене. Сакам да дадам се од себе за Челси, да донесам радост на Стемфорд бриџ, заедно да споделиме бројни среќни моменти“, изјави Велбек.

Напаѓачот е третото засилување за „сините“ од Лондон летово, по Палестра од Аталанта и Роџерс од Астон Вила.

Се вчитува...