Велко Маркоски се врати во Металург

Металург доведе значајно засилување за натамошниот дел од сезоната, откако вечерва го официјализираше трансферот на Велко Маркоски. Долгогодишниот македонски репрезентативец по четиригодишна пауза се враќа назад во „Автокоманда“, откако го носеше дресот на Металург во периодот од 2010 до 2015 години.

„Маркоски потпиша договор до крајот на сезоната и ќе биде од огромна помош во битките на Металург дома и во Европа“ – потврдија „металурзите“ на својата официјална веб-страниица.

Маркоски, покрај Металург, настапуваше и за Вардар, Зомимак, Работнички и Загреб, а својот последен ангажман го имаше во првенството на Романија.

Се очекува тој да биде во комбинација за претстојниот двомеч во европските купови против Горење Велење. Доколку се врати во посакуваната форма, Маркоски ќе биде сериозен кандидат и за место во националниот тим за настап на Европското Првенство во Виена.

Се вчитува...