Велкоски круниса со убав гол мајсторска акција на Сараево… (видео)

Македонскиот интернационалец Крсте Велкоски го запиша и седмиот погодок во дресот на Сараево сезонава, стрелајќи во победата од 2-0 на гостувањето против Габела.

Велкоски мајсторски стрелаше во 71. минута по одличната акција на „бордо тимот“…

Со најновите три бода, Сараево со 26 бода е на четвртата позиција на табелата, со пет бода заостанување зад водечките Зрински и Широки брег. Велкоски, пак, со најновиот гол се проби на делба на втората позиција меѓу најдобрите стрелци во БиХ.

Се вчитува...