Велкоски по голот „ала Зидан“: Не сум важен јас, горам од желба Сараево да победува

Македонскиот напаѓач Крсте Велкоски ги воодушеви уште еднаш навивачите на Сараево со погодокот „ала Зинедин Зидан“ во триумфот против Вележ во Купот на БиХ.

Велкоски стрелаше за победа од 0-1 со која Сараево продолжува понатаму во Купот на БиХ…

„Среќен сум со постигнатиот погодок, но апсолутно не сум важен јас, но најважно е што победивме. Вележ не намачи сериозно, но на крајот сепак продолжуваме понатаму. Сакам Сараево да го вратиме на славните патеки. Оваа сезона можеби постигнувам и помалку голови затоа што играм нешто подефанзивно, а целта ми е да создадам што повеќе шанси за соиграчите. Навистина е одлично чувството да се игра против тим како Вележ на кого искрено му посакувам враќање во Премиер лигата“ – истакна по мечот Велкоски.

Се вчитува...