Велковски стрелец за Сараево во дербито против Зрински… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски запиша нов гол во дресот на Сараево во ремито (2-2) на гостувањето против Зрински во Мостар во 17. коло од шампионатот на БиХ.

Велкоски погоди од пенал во 61. минута за израмнување на 1-1 во тие моменти од натпреварот…

Сараево потоа поведе и со 1-2, но Билбија со гол во 81. минута донесе бод за Зрински.

Ова е седми гол за Велкоски сезонава во првенството на БиХ. Сараево е на врвот од табелата со 37 бода, пет повеќе од второпласираниот Зрински.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...