Вембињама повторно мора на принудна пауза

Сан Антонио спарс се соочува со нов голем проблем откако Виктор Вембињама заработи повреда поради која ќе мора да мине извесен период надвор од терените.

Францускиот центар ја заврши ланската сезона со само 46 одиграни средби поради здравствени проблеми, сезонава тргна одлично, но на една од последните средби го повреди листот на ногата и сега ќе мора принудно да паузира.

„Во последно време низ неколку примери во лигата видовме дека повредите на листот не треба да се сфаќаат наивно. Нема да форсираме, ќе чекаме Вемби да биде максимално подготвен за да се врати, се надеваме за околу две седмици“, изјави тренерот на Сан Антонио, Мич Џонсон.

Сан Антонио има скор од 9 победи и 4 порази од стартот на сезонава, а Вембињама има импресивни бројки – 26,2 поени, 12,9 скокови, 4 асистенции и 3,6 блокади по натпревар.

Се вчитува...