Венгер: Господинот Меси одлучи сам да ја заврши работата

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер вели дека натпреварот меѓу Барселона и Ливерпул го решиле два детали. Првиот е влегувањето на Нелсон Семедо, а вториот е одлучноста на Меси сам да го реши дуелот.

„Две важни работи се случија на мечот. Валверде направи одлична работа со внесувањето на Семедо на бековската позиција. Вториот важен момент беше тој во кој господинот Меси реши сам да ја заврши работата. Тоа е типично за играта на Барселона. Мислиш дека си направил добра работа, а тогаш тие ќе бидат подобри од тебе во твојата третина од теренот. Меси делеше одлични топки и тоа на крајот ја направи разликата“, изјави Венгер. 

Барселона го совлада Ливерпул со 3-0 во првиот меч од полуфиналето во ЛШ, а реваншот на „Енфилд“ е закажан за 8. мај.

Се вчитува...