Венгер одбил огромна понуда од Кина, сака да остане во Арсенал?

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, кој цели две децении е на кормилото на „топчиите“, одбил неверојатна понуда од Кина, која би го направила најплатен фудбалски тренер во светот. Кинески клуб на Французинот му понудил 35 милиони евра годишна плата за да го напушти „Емирати“ и да се пресели во оваа земја, каде во последните неколку години се вложува енормно во развојот на фудбалската игра.

Сепак, Венгер ја одбил оваа понуда, инсистирајќи дека сака да остане во Арсенал. Отпочнати се разговори со раководството на клубот за нова двегодишна соработка, а тој би добил и 25% зголемување на годишната плата. Доколку падне договор за договор до јуни 2019 година, Венгер ќе заработува 12 милиони евра по сезона.

Се вчитува...