Венгер: Што и да се случи, не одам во пензија

Катастрофалниот пораз од Баерн Минхен предизвика нова бура од критики на адреса на Арсен Венгер. Навивачите уште погласно бараат Французинот да си замине од клубот, Венгер се уште нема почнато разговори за продолжување на договорот што истекува на крајот од сезонава, но искусниот стручњак јасно стави до знаење дека нема намера да ја прекине својата тренерска кариера.

Што и да се случи, не одам во пензија. Продолжувам со тренерската кариера, единствената дилема е дали тоа ќе биде во Арсенал или на друго место. Јасно ми е дека сум јавна личност и како таков сум подложен на критики, се навикнав на тоа низ годините. Сепак, овде не станува збор за мене, туку за клубот кој атакува на трофеи“ – изјави Венгер.

На потег е управата на Арсенал, која во следните неколку месеци ќе мора да одлучи, дали да ја продолжи соработката со Венгер или конечно да се реши за менаџерска смена (најзвучни имиња за наследник на Французинот се Масимилијано Алегри од Јувентус и Томас Тухел од Борусија Дортмунд).

Се вчитува...