Вентура пред дуелот со Шпанија: Нема крокодили на „Сантијаго Бернабеу“

Македонија вечерва гостува во Израел и тоа сигурно е најважниот меч за нашата фудбалска јавност, но онаа европската е фокусирана на главниот дуел од нашата група Г, во кој се среќаваат Шпанија и Италија. Двете селекции имаат по 16 освоени бода, а „црвената фурија“ можеби има и меч топка на „Сантијаго Бернабеу“ за да ги разреши дилемите за првото место, кое директно води на мундијалот во Русија.

Но, и Италијанците си имаат свои планови и посакуваат триумф против Шпанија на гости. Селекторот Џампјеро Вентура вели дека „аѕурите“ имаат квалитет за да слават против селекцијата на Шпанија.

„Нема крокодили на „Сантијаго Бернабеу“, нормално дека не стравуваме. Имам на располагање искусни фудбалери кои многу пати играле вакви важни натпревари. Се надеваме дека ќе оствариме позитивен резултат и размислуваме за победа“, изјави селекторот на Италија.

Албанија го пречекува Лихтенштајн на домашен терен, со почеток во 18 часот.

Се вчитува...