Венус не оди во пензија, ќе игра и следната година

Американската тенисерка Венус Вилијамс доби посебна покана да учествува на турнирот во Оукленд во јануари, објавија денес организаторите.

Вилијамс се врати на теренот во јули по 16-месечна пауза поради повреди. На турнирот во Вашингтон, таа ја победи сонародничката Пејтон Стернс, 35-та на ВТА листата и како 45-годишна жена стана втората најстара тенисерка што победила на еден ВТА натпревар.

Еден месец подоцна, таа доби вајлд-карта за Отвореното првенство на САД, каде што загуби во првото коло во три сета од Каролина Мухова од Чешка.

„Венус имаше длабоко влијание врз еволуцијата на женскиот тенис и ја инспирираше следната генерација со својата непоколеблива страст за спортот. Сите спортски фанови треба да ја искористат оваа можност да ја гледаат една од најголемите спортистки на сите времиња “, изјави директорот на турнирот во Окленд, Николас Ламперин.

Се вчитува...