Венус прави чуда – на 37 години до финалето во ВТА шампионатот

Венус Вилијамс продолжува со извонредните настапи на залезот на кариерата, па Американката на 37-годишна возраст успеа да се пласира во големото финале од ВТА шампионатот што се одржува во Сингапур.

Таа попладнево имаше достојна ривалка во Каролин Гарсија, Французинката дури и поведе со 0-1 победувајќи во тајбрејкот од првиот сет, но Вилијамс имаше премногу искуство и квалитет во клучните моменти. Американката на самиот старт од вториот сет си создаде предност и го доби со 6-2, за потоа по израмнетиот старт на решавачкиот сет, Вилијамс по 3-3 да ги освои следните три гејма и да се пласира во големото финале, каде ќе се сретне со Каролин Вознијацки.

За Венус Вилијамс ова ќе биде прво финале на завршните ВТА турнири по 2009 година, а победничката од овој меч експресно ќе скокне и на третото место на ВТА-листата, зад Халеп и Мугуруза.

Се вчитува...