Вернер конечно погоди, Челси го совлада Вест Хем (ВИДЕО)

Челси славеше со 0-1 на гостувањето кај градскиот ривал Вест Хем во меч од 33. коло во Премиер-лигата. Херој за сините од Лондон беше вечно оспоруваниот Тимо Вернер кој конечно успеа да се запише во листата на стрелците по пауза од два месеца, стрелајќи во 43. минута.

До крајот за издвојување е и црвениот картон на Балбуена кој тотално невнимателно стартуваше над Бен Чилвел во 81. минута.

 

 

Се вчитува...