Верувале или не: Гранада играше со 11 играчи од 11 различни држави

Гранада вечерва го декласираше Бетис со 4-1, но овој натпревар ќе остане запаметен не по конечниот резултат, туку по историскиот избор на тренерот на домашната екипа.

Имено, Гранада овој меч го стартуваше со единаесет фудбалери од различни држави ширум светот.

Поточно кажано, на голот стоеше Мексиканецот Очоа, во одбраната беа Фулкие (Франција), Хонгла (Камерун), Ингасон (Исланд), Силва (Уругвај) и Литри (Шпанија), во средината се најдоа Агбо (Нигерија), Вакасо (Гана) и Переира (Бразил), додека во нападот на Гранада од првата минута ссе појавија Мароканецот Карсела – Гонзалез и Колумбиецот Рамос.

Пример што тешко ќе се повтори на фудбалските натпревари ширум светот во блиска иднина.

Се вчитува...