Весело е во Славонски Брод: Се гледа фудбал, а пивото е од Манџукиќ

Марио Манџукиќ испишува историја со хрватските фудбалери на СП 2018, но одличниот голгетер не заборава ниту на своите сограѓани од родниот Славонски Брод.

Во овој хрватски град вообичаено се гледа фудбал заеднички, на видео-бим на тврдината во Славонски Брод, а за атмосферата да биде уште подобра се погрижи Манџукиќ, кој реши да го плати пивото на сите што беа присутни на дуелот со Русија.

Според хрватските медиуми, асот на Јувентус платил околу 3.500 евра за ова задоволство на своите сограѓани.

Марио е наше дете и мило ни е што секогаш наоѓа начин да го одбележи тоа. Се надеваме дека ќе му возвратиме, со незаборавен пречек кога ќе се врати како светски првак“ – коментираа присутните.

Се вчитува...