Вест хем го купува Јармоленко

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Андриј Јармоленко, е пред трансфер во англискиот премиерлигаш Вест хем. Тој е веќе во Лондон, каде треба да ги мине лекарските прегледи и да стави потпис на договор со „чеканите“. Англискиот клуб ќе треба да плати отштета од 17,5 милиони евра за офанзивниот фудбалер на „милионерите“.

Јармоленко постигна шест гола на 26 натпревари за тимот на Борусија Дортмунд, а пристигна минатото лето од Динамо Киев. Тој не се вклопува во плановите на новиот тренер Лусиен Фавр и ќе биде продаден.

Вест хем досега ги осигура услугите и на Џек Вилшер, Иса Диоп, Лукаш Фабијански и на Рајан Фредерикс, a на листата со желби на Пелегрини се наоѓа и Фелипе Андерсон од Лацио.

 

Се вчитува...