Премиерлигашот Вест Хем Јунајтед од следната сезона се очекува да биде предводен од нов тренер, пренесуваат англиските медиуми. Гласините за можно заминување на Дејвид Мојс се актуелни веќе подолго време, а се чини дека кончено ќе се реализираат.
Раководството на тимот не е задоволно од прикажаното оваа сезона во која „чекичарите“ претрпеа елиминација во четвртфиналето од Лига Европа, а и покрај тоа што се уште се во игра за излез во Европа и следната сезона, заостатокот од пет бода и натпревар повеќе во однос на Манчестер Јунајтед ја прават мисијата невозможна.
Мојс вториот мандат во лондонскиот тим го врши од 2019 година. Претходната сезона го направи и најголемиот успех во поновата историја на клубот освојувајќи ја шампионската титула во Конференциската лига.
Како можна замена за Шкотланѓанецот се јавуваат повеќе имиња, а високо на листата на желби на раководството се наоѓа Хулен Лопетеги кој беше пред ангажман во Милан, но преговорите пропаднаа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА