Вест Хем му го нанесе првиот пораз на Тотенхем на новиот стадион

Вест Хем го изненади Тотенхем и му го нанесе првиот пораз на новиот стадион на составот на Маурисио Покетино. „Чеканите“ славеа со 0-1, а стрелец на победничкиот гол беше Михаил Антонио во 67.минута од средбата. До крајот, Антонио имаше уште една одлична шанса, но не успеа да ја искористи, а Јансен можеше да донесе израмнување, но го спречи тоа гостинскиот голман.

За Вест Хем е ова прв триумф по осум последовни порази на гости, а Тотенхем и покрај поразот останува на третата позиција на табелата во Премиер – лигата.

Се вчитува...