Вестбрук е само еден од четворица во историјата: Со 100-ти „трипл-дабл“ во кариерата!

Изминатава ноќ во НБА лигата ја одбележа феноменалниот кошаркар на Оклахома, Расел Вестбрук кој на мечот против Атланта го запиша својот 100-ти „трипл-дабл“ во кариерата.

Во триумфот на Оклахома од 119-107, Вестбрук со влезот во „Клубот 100“ според „трипл-дабл“ остварувања се приклучи на само уште тројца кошаркари на кои им успеало тоа. Пред него се само Оскар Робертсон (181), Меџик Џонсон (138) и Џејсон Кид (107).

„Трипл-дабл“ запиша и Леброн Џејмс во триумфот на Кливленд на гости против Феникс од 129-107, со 28 поени, 13 скока и 11 асистенции за „Кралот“.

Серијата победи ја продолжи и Торонто, овој пат против Бруклин од 102-116, а без поголеми проблеми до нови победи дојдоа и ЛА Клиперс и Јута. ЛА Клиперс на крилјата на ДеАндре Џордан со 29 поени и 18 скока славеше против Чикаго со 106-112, додека Јута беше подобра од Детроит со 110-79.

Индијана на гостински терен славеше против Филаделфија со 98-101, Минесота го победи Вашингтон со 111-116, додека Далас беше подобар од Њујорк со 97-110. Њу Орлеанс славеше против Орландо со 108-72, а ЛА Лејкерс беа подобри од Денвер победувајќи со 112-103.

Се вчитува...