Вестбрук почна да ги „живцира“ соиграчите: Очајниот шут кој ги чинеше пораз… (ВИДЕО)

Виновникот за поразот на Оклахома од Сан Антонио (99-103) сите го пронајдоа во Расел Вестбрук.

Оклахома на 20 секунди до крајот имаше напад за продолжение, а Вестбрук по само неколку секунди од нападот имаше шут од дриблинг и го промаши целиот кош.

Но, не беше тоа единствената глупост која ја приреди актуелниот МВП. Во последните пет минути изгуби дури три топки, погодувајќи само еден од пет шута.

Со обидот за тројка за 99-99 толку ги налути соиграчите што Кармело Ентони кој беше слободен на другата страна иронично аплаудираше кон него…

Се вчитува...