Вестбрук со 46 поени за триумф на Оклахома, Дурант и Кари за победа на Голден стејт

Расел Вестбрук пружи уште една маестрална партија во победата на Оклахома над Вашингтон од 121-112 во еден од синоќешните дуели во НБА лигата.

Најдобриот кошаркар на Оклахома за 36 минути на паркетот постигна 46 поени, дополнети и со шест асистенции и шест скока. На спротивната страна одличен беше и Бил со 41 поен.

За Оклахома ова беше 28-ма победа сезонава, покрај и 20 порази, останувајќи на петтата позиција на Западот. Вашингтон е шестти на Истокот со скор од 26-23.

Успешна ноќ имаше и Денвер кој во својот „Пепси центар“ славеше против Њујорк со 130-118. Најдобар кај Денвер беше Харис со 23 поени, додека Порзингис и Бисли кај Њујорк постигнаа по 21 поен.

Актуелните шампиони на НБА, Голден стејт славеа на домашен терен против Минесота со 126-113.

Во победничкиот тим трите најголеми ѕвезди добро се распоредија, Дурант со 28 поени, а Кари и Томпсон со по 23 поени. Сепак, најефикасниот играч на мечот беше од поразената екипа, Таунс со 31 поен.

Синоќа се одигра и мечот меѓу Мајами и Сакраменто во кој славеше Сакраменто на гостински терен со 88-89.

Се вчитува...