Вестбрук со „трипл-дабл“ му ги замрси работите на Сан Антонио, Дирк Новицки со најлоша партија во кариерата!

Кошаркарите на Оклахома славеа против Сан Антонио со 104-94 во дербито на изминатава ноќ во НБА лигата.

Расел Вестбрук го запиша 19-от „трипл-дабл“ во сезонава, а 98-ми во својата кариера со 21 поен, 12 скока и 10 асистенции. А, Сан Антонио со 29-от пораз во сезонава си ја загрозија својата плеј-оф позиција, и сега имаат само победа повеќе од ЛА Клиперс, Денвер и Јута кои се борат за осмото место.

Покрај Вестбрук, добра партија одиграа и Џерами Грент со 15 поени и 8 скока, како и Кори Бруер со 12 поени. Најефикасни кај Сан Антонио беа Руди Геј и Дејвис Бертанс со по 14 постигнати поени.

Вашингтон ја загрози својата борба со Кливленд и Индијана за третото место на Истокот. Загубија убедливо од Мајами со 129-102.

Мајами имаше дури седум кошаркари со двоцифрен ефект, а најефикасен беше Џејмс Џонсон со 20 поени, дополнети и со пет асистенции. Вејн Елингтон уфрли 17 поени, додека по 13 поени имаа Ричардсон, Џонсон, Мекгрудер и Олиник.

Шарлот ја прекина серијата од пет порази со победата над Феникс ос 122-115. Доминираше Двајт Хауард со 30 поени и 12 скока, а фантастична вечер имаше и Никола Батум со 29 поени, 12 скока и 7 асистенции.

Далас го разби Мемфис победувајќи со 114-80 за 17-ти едноподруго пораз на „мечките“. Ги предводеше Харисон Барнс со 25 поени и 7 скока, додека по 20 поени постигнаа Хозе Хуан Бареа и Даг Мекдермот.

Дирк Новицки ја имаше една од најлошите партии во НБА кариера, погодувајќи само еден од девет шута од игра, и мечот завршувајќи го само со два поени и еден скок за 16 минути на паркетот.

Се вчитува...