Вецлар нема да го продолжи договорот со Јане Цветковски

Ракометниот бундеслигаш Вецлар нема да го продолжи договорот со македонскиот интернационалец Јане Цветковски. Тој беше соиграч на Филип Миркуловски, но раководството на клубот одлучи да не му понуди нова соработка за следната сезона. Германските медиуми информираат дека Вецлар го пронашол и неговиот наследник.

Нов голман на Вецлар од следната сезона ќе биде босанскиот интернационалец Анадин Суљаковиќ, кој има и катарско државјанство, а досега настапуваше за Ал Ахли. Тој треба да го дополни голманското трио, заедно со Тил Климпке и со Тибор Иванишевиќ.

Се вчитува...