Везенковски со потпис за Радовиш

Ракометниот суперлигаш Радовиш донесе значајно засилување за наредната сезона потпишувајќи договор со Златко Везенковски. Искусниот среден бек пристигнува од редовите на Охрид, а во својата кариера има настапувано и за екипите на Пелистер, Тиквеш, Зомимак…

Радовиш претходно ги доведе во своите редови и Николов и Ѓоргиевски, потпишани беа нови договори со Долдуров и со Органџиев, па јасна е амбицијата на овој клуб да се обиде во новата сезона да се бори за место во плејофот.

Се вчитува...