Вида испрати порака до Англичаните: Нема да застанеме тука!

Хрватска е во полуфиналето на Светското првенство во Русија, откако по пенал – драма успеа да ја елиминира домашната селекција на Русија. Во битката за финалето, Хрватите ќе играат против Англија, а дефанзивецот Домагој Вида, кој беше стрелец на вториот гол за „коцкестите“, вели дека тие нема да застанат на сегашниот успех.

„Кај нас ништо не оди лесно, но фала му на Бога што ни се врати за претходните европски и светски првенства, и пеналите не наградија. Малку фешта да, но мораме да се фокусираме на новите предизвици. Само нашите луѓе нека се радуваат, тоа е нашата мисија. Имаме потенцијал, имаме сила, и нема да застанеме тука. Нема да биде лесно против Англичаните, но можеме да ги победиме. Ќе биде тоа голема битка секако, за влез во големото финале“, вели Домагој Вида.

Се вчитува...