Вида: Целта на Хрватска не е полуфинале, туку освојување на светската титула

Фудбалската репрезентација на Хрватска се подготвува за четвртфиналниот дуел со домашната селекција на Русија в сабота, а дефанзивецот Домагој Вида најавува дека „коцкестите“ се подготвени да одат до крај и да ја освојат титулата. Стоперот на Бешикташ ‘дал завет’ дека нема да комуницира со медиумите додека Хрватите не се пласираа меѓу осумте најдобри селекции.

„Имав договор со портпаролот на репрезентацијата да не давам изјави до четвртфиналето. Сега сме меѓу осумте најдобри, а целта е јасна. Да стигнеме до финалето, да ја освоиме титулата и да се вратиме дома како херои“, изјави Домагој Вида.

Русија и Хрватска својата четвртфинална пресметка ќе ја имаат в сабота, со почеток во 20 часот, на Олимпискиот стадион во Сочи.

Се вчитува...