Видал најблиску до „Џузепе Меаца“

Чилеанскиот интернационалец Артуро Видал ова лето ќе го напушти Баерн Минхен, а најблиску е до трансфер во италијанскиот калчолигаш Интер. Тренерот Лучијано Спалети инсистира кај раководството да добие уште еден квалитетен играч за врска, а го пикираше токму Видал. Баерн Минхен нема да му прави проблеми на Чилеанецот да замине, а за него одреди отштета од 30 милиони евра.

Според италијанските медиуми, двата клуба веќе ги отпочнале преговорите за трансферот на Видал. Се очекува истите да финишираат да крајот на седмицата, а играчот од средниот ред да се приклучи на својот нов тим до 6.август. Интер се обидува да го добие Видал како позајмен играч на една сезона, но засега баварскиот клуб инсистира на негова продажба.

Се вчитува...