Видал сака во Бразил: Трансфер во Фламенго за мене би бил остварување на сонот

Чилеанскиот интернационалец Артуро Видал најверојатно ќе го напушти Баерн Минхен ова лето, а следната дестинација би била вистинско изненадување. Тој најави можен трансфер во Бразил, во тимот на Фламенго.

„Јас го сакам Фламенго, многу сум близок со Ренато Аугусто. Тој е мој голем пријател и отсекогаш ми говорел за величината на клубот. Играњето за Фламенго на ’Маракана’ за мене би било остварување на сонот“, изјави Видал за јутјуб каналот на фудбалскиот клуб Фламенго.

Се вчитува...