ВИДЕО: Англиски навивачи на Косово со брутални навреди за Србите…

Англија денеска гостува во Приштина на Косово во квалификациите за ЕП, па фановите од Островот веќе ги запоседнаа кафулињата и рестораните во главниот град на Косово.

Англичаните добија топло добредојде од косовски навивачи притоа и заеднички скандирајќи со брутални навреди кон Србите и Србија… „Е.и ја Србија“ – е главниот слоган кој го промовираа Англичаните за време на својата посово на Косово, кој наиде на жестоки реакции од целокупната спортска јавност во Англија.

И од Англиската фудбалска федерација се огласија дека не сакаат некоректно навивање на своите навивачи, а дел од нив ќе бидат и санкционирани со забрана за натамошно следење на натпреварите на нивната селекција.

 

Се вчитува...