ВИДЕО: Борко како „ѕид“ за Спортинг, сите дерби-одбрани на Македонецот

Борко Ристовски ја донесе победата на Бенфика на големото дерби со Спортинг Лисабон, а португалските фанови веднаш составија и видео-компилација од сите одбрани на Македонецот на синоќешниот дуел.

Ристовски дефинитивно ја потврди високата класа со бројни извонредни интервенции од најразлични ситуации, а точка стави во последната секунда кога Руесга успеа да ја протне топката низ живиот ѕид, но македонскиот репрезентативец беше внимателен и не дозволи израмнување.

Се вчитува...