ВИДЕО: Дарвин Нуњез со најчудниот гол во кариерата – благодарение на противничкиот голман!

Ливерпул низ нова битка за шампионската титула во Премиерлигата вечерва на „Енфилд роуд“ го пречекува Шефилд јунајтед.

Тимот на Јирген Клоп, сосема очекувано, агресивно почна од самиот почеток во желбата да ја оправда фаворитската улога. И успеа во тоа по 17 минути игра.

Во 17. минута веројатно најчудниот свој гол во кариерата го постигна Дарвин Нуњез. Беше упорен во пресингот кон противничкиот голман, принудувајќи го на грешка по која Нуњез со „блок удар“ постигна гол за водство на Ливерпул од 1-0…

Се вчитува...