ВИДЕО: Џокерот на Раул – „Чудата“ на Митревски на голот и со двајца ракометари помалку…

Никола Митревски ја демонстрира, можеби, најдобрата партија во својата кариера на репрезентативниот гол на мечот против европскиот шампион Шпанија во 4. коло од Групата Б на Светското првенство 2019 во Германија и во Данска.

Македонија може да жали што по првото полувреме на мечот нема предност, а мораше на крајот од првите 30 минути да се задоволи и со негатива од еден гол разлика (12-13) иако заслуживме предност. Пред се, и поради феноменалниот на голот Никола Митревски кој досега има 11 одбрани. Една од нив и во моментите кога Македонија беше со два ракометари помалку на терен. Вреди да се погледне…

Се вчитува...