ВИДЕО: Доријан Бабунски со брилијантен гол од далечина ја води Мачида кон Првата јапонска лига

Доријан Бабунски потврдува уште еднаш дека игра во извонредна гол-форма во финишот на јапонската Втора лига.

Во претпоследното коло од шампионатот, Мачида славеше со 0-2 на гостувањето против Ехиме запишувајќи повеќе од значајна победа во битката за промоцијата во Првата јапонска лига.

Вообичаено за него оваа сезона, Дорија Бабунски во игра влезе во 80. минута при 0-0. Па донесе и тоа како освежување во офанзивата на Мачида. Најпрво гостите поведоа со голот на Накашима во 86. минута, а потоа на сцена стапи Доријан кој со брилијантен шут од околу 30 метри во 90. минута донесе конечни 0-2.

Ова е петти гол сезонава за Доријан Бабунски во дресот на Мачида, која во последното коло пред своите навивачи ќе се бори за прволигашка промоција. Мачида на едно коло до крајот е на делба на втората позиција со 75 бода. Првопласирани две екипи обезбедуваат директен пласман во Првата лига.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...