Даниел Аврамовски беше играч на натпреварот во премиерниот дуел од 12.коло во Првата лига меѓу Работнички и Вардар. Во финишот, тој со два гола донесе нов триумф за „црвено-црните“. Во 77.минута погоди од слободен удар, а во судиското продолжение искристи противнапад и уште еднаш ја затресе мрежата на Дамјан Шишковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА